19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против охриѓанец за несовесно работење и измама во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. Н. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и измама во службата.

При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А. Н., во својство на секретар во Општата болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 1.1.2019 до 31.10.2021.

Притоа лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник – дипломиран правник со правосуден испит, лажен неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил.

Врз основа на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

C +