24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МТСП – Светска банка: Воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период

Имплементацијата на „Проектот за итен одговор на состојбата со Ковид-19“ во Северна Македонија, беше тема на вториот дел од денешната зум конференција. Целта на проектот кој го имплементираат министерствата за труд и социјална политика и за здравство е спречување, откривање и давање на соодветни одговори на заканата од здравствената пандемија и зајакнување на националните системи за подготвеност за заштита на јавното здравје.

Министерката Тренчевска рече дека од проектот најголем бенефит чувствуваат граѓаните.

„Со брзата имплементација на проектот, преку кој набавивме лекови за Ковид – 19, вакцини за имунизација на граѓаните и дополнителна опрема за модуларните болници, граѓаните први ги почувствуваа придобивките. Затоа сметам дека „Проектот за итен одговор на состојбата со Ковид -19“, кој завршува во јуни оваа година, треба да продолжи и понатаму, за да можат започнатите активности да завршат“, рече Тренчевска.

На зум конференцијата учествуваа министрот за здравство Беким Сали, директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, менаџерот за здравствена пракса во регионот на Европа и Централна Азија, Тања Дмитраченко и претставници на тим проектот.

Говорниците на конференцијата искажувајќи ги своите ставови во врска со намалувањето на локалната трансмисија на КОВИД – 19 рекоа дека во време на пандемија зајакнувањето на подготвеноста на земјата за поголема заштита на граѓаните, треба да биде врвен приоритет. Според нив одговорите за итните здравствени мерки и обезбедувањето на социјална помош за најранливите категории на граѓани во земјата, даваат резултати.