27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Владата подготвува покачување на пензиите, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се паушални

Владата предводена од СДСМ работи на нова метдологија за покачување на пензиите, но и за дополнителна финасиска помош со цел надминување на последиците од енергетската криза, порача вечерва во интервју за Сител телевизија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски нагласи дека зголемувањето на пензиите и пакетот мерки ќе бидат донесени преку дијалог со сите засегнати страни.

Ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погаѓа најранливите ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, а нивото на поддршка, ќе го дадат анализите. Оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, помошта ќе биде поголема и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелирана на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандард на пензионерите.“ порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на предлог законот за зголемување на пензиите, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски оцени дека тоа е паушален предлог кој не се базира на никакви анализи.

– Законот којшто ВМРО-ДПММЕ го поднесе, сметам дека е паушален, не знам дали е извадено од глава или од шешир тоа што го предлагаат бидејќи тоа не се базира на никакви анализи. Јас познавам многу еминентни економисти во опозицијата и не верувам дека тие тоа го предложиле, веројатно во некоја ПР служба го предложиле тоа решение, истакна Ковачевски.

Ковачевски посочи дека во изминатите неколку години Фондот на ПИОМ е консолидиран, дека е затворена финансиската дупка што ја остави ВМРО-ДПМНЕ и денес, ПИОМ дури и во време на криза, врши предвремена исплата неколку денови однапред за конкретниот месец.