28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вербалниот и физички напад на новинарската екипа на регионалната телевизија Полог

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вербалниот и физички напад на новинарската екипа на регионалната телевизија Полог од Тетово за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште „Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско.

Безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена и треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за професионално извршување на работата на медиумите.
Навремената и соодветна реакција на надлежните институции е клучна во разрешувањето на случајот и за превенција на вакви и слични појави во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК