На 14.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
За време на контролата биле констатирани 36 прекршоци, од кои 25 во населено место и 11 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 17.00 до 21.00 часот, спроведена е акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле откриени и санкционирани 3 прекршоци. При контролата санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за користење мобилен телефон, 3 за прекршоци направени од пешаци и 4 за непрописно паркирање.