24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Нови правила на ЕУ: Ќе се произведуваат мобилни телефони во кои батериите лесно ќе се заменат

Европскиот парламент донесе регулатива со која на батериите на мобилните телефони ќе треба да се пишува времетраењето, а во иднина производителите ќе треба да произведуваат мобилни телефони кои лесно ќе можат да ја заменат батеријата.

Регулатива за батерии е името на документот според кој очекуваното траење на батеријата ќе треба да биде означено на батериите на мобилните телефони.

Регулативата ја донесе Европскиот парламент бидејќи потрошувачите се пожалија дека трае пократко откако ќе се ажурира мобилниот телефон.

Истрошената батерија всушност значи купување на нов скап уред. Ние во Европскиот парламент одлучивме да ставиме крај на оваа практика, затоа ја изгласавме Регулативата за батерии на Комисијата за заштита на животната средина, јавното здравје и безбедноста на храната, изјави хрватската европратеничка Билјана Борзан.

Ги обврзува производителите да произведуваат мобилни телефони во кои батериите лесно ќе се заменат, без разлика дали тоа ќе го направиме сами или со помош на сервисер, додаде таа.

Регулативата треба да стапи во сила најдоцна до 2024 година, а дотогаш производителите имаат време да се прилагодат на новите правила, заклучи Борзан.