22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Смилевски: Уште една манипулација од дувлото на ВМРО ДПМНЕ во Бутел!

Фејсбук статус на Велимир Смилевски, екс градоначалник на Општина Бутел:

Најавувана како “пукна бомбата за скандалозна тендерска постапка спроведена во општина Бутел во времето на мандатот на Велимир Смилевски, градоначалник од редовите на СДСМ”, пукна – меурот од сапуница произлезен од центарот за шириење на лажни вести во Белиот дворец!

ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заради сопствената безидејност и заради тоа што не можат ништо да сработат во интерес на бутелчани, се влезени во длабок очај. Затоа, по нивниот добро испробан рецепт, сега се обидуваат тој очај да го покриваат со измислување на лаги и конструкции.

Вистината е мојот најдобар сојузник и во времето кога бев градоначалник на Бутел, а и сега. А таа е дека на стартот на мојот четиригодишен градоначалнички мандат во Општина Бутел наследивме дотраени и светилки за улично осветлување стари и повеќе од 40 години. Мрежата ја обновивме, почнавме со употреба на натриумови светилки, со што заштедувавме по повеќе од 50% на електрична енергија на месечно ниво.

Освен ова, дополнително поставивме 25% нова инсталација за улично осветлување низ целата територија на Бутел.
Јасно е што сакаат да постигнат со ширењето на лаги и дезинформации. Сакаат да го покријат своето неработење и немањето визија за интересите на бутелчани. За тоа сведочи и сегашната состојба, при што во Општината е исклучено уличното осветлување, замислете, заради неплаќање на сметки од страна на актуелниот градоначалник.

Ете на кое дереџе спаднавме драги мои сограѓани!