10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каевски: Опозицијата ги нарушува процесите за сензитивни прашања со Бугарија

„Во многу наврати укажавме и покажавме дека црвените линии се загарантирани. За јазикот и идентитетот не се разговара и жал ми е што Владата мора постојано да го докажува. Имаме опозиција која ги нарушува процесите за вакви сензитивни прашања“ кажа пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека жал му е што опозицијата не е директно вклучена во разговорите со бугарија, како што се примерите од сите земји.

„Кога се разговара за прашања од голема важност за државата, ставовите на власта и опозицијата треба да бидат идентични и заеднички да делуваат. Кај нас имаме спротивна ситуација. Владата нон стоп се докажува, а од Белиот дворец имаме спинови за некакви нарушувања на позициите“ рече Каевски.

Тој додаде дека Бугарија во минатото го гледаше разединувањето во земјава и тоа го злоупотребуваше.

„Христијан Мицкоски едно говори пред јавноста, нарачува прашања, а кога ќе се сретне со претставниците во Бугарија го поддржува Договорот. Исто беше и претходно, кога на средбата со Борисов на бугарски јазик го поддржа договорот“ кажа Каевски.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +
error: Соддржината е заштитена.