22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Има решение за утринската мигрена: Ослободете се од четири лоши навики и болките ќе исчезнат

Ако се будите со досадна, остра или мачна болка, таа ве исцрпува на почетокот на денот. Постојат неколку причини зошто главоболките се појавуваат наутро.

Главоболката по будењето кај некои луѓе трае кратко, додека некои чувствуваат главоболка со часови потоа. Овие неколку работи можат да бидат причина за вашата главоболка.

Лош сон
Несоницата може да биде поттик за главоболка. Научниците открија јасна врска помеѓу лишувањето од сон и мигрената, како и главоболката од напнатост. Недостатокот на сон го намалува прагот на болка, што ги прави луѓето почувствителни на главоболки.

Дехидрација
Ако не пиете доволно вода, може да се разбудите со главоболка. Дехидрацијата предизвикува главоболки кои можат да бидат релативно благи или тешки како мигрена. Дехидрацијата влијае на секој дел од телото, вклучувајќи го и мозокот. Пијте многу течности за да избегнете утрински главоболки.

Апнеја или ‘рчење
Нарушениот сон предизвикан од ‘рчењето или апнеја исто така може да биде извор на главоболки по будењето. Сепак, главоболката поврзана со апнеја трае помалку од 30 минути.

Мамурлак
Мамурлакот може да биде и причина за утрински главоболки. Големите количини на алкохол може да доведат до главоболки рано наутро, еден од главните симптоми на мамурлак.

Доколку имате проблеми со чести утрински главоболки, прво нешто што треба да направите е да посетите лекар.

Можеби ќе ве интересира

Дали има решение? – Еве на која страна да легнете за да престанете да ‘рчите

M T

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

M T

Шахпаска: Се подготвува ново законско решение за вработување на лицата со различна попреченост

M T