8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Христоски: Владата спаси општини од колапс, Крушево сега има стабилен буџет

„Голем дел од општините беа задолежни, но Владата на СДСМ се задолжи со 120 милиони евра за да префрли пари. Сега тие општини работат рентабилно“ кажа градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека со добро менаџирање го држи во кондиција буџетот на општина Крушево, кој е скромен.

„Неразумните трошоци ги сведовме на минимум, како што се превози, одлевање на средства за трети фирми извршители и слично. Затоа напоменав, сега ќе се види вистинскиот ефект од доброто работење и менаџирање на градоначалниците“ кажа Христоски.

Тој додаде и дека локалните избори не треба да бидат причина за предвремени парламентарни избори, бидејќи не може лошото работење на некои градоначалници да биде причина за парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК