23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бензинот во 2012. достигнал рекордни 88,50 денари за литар, а работниците земале 8080 денари минимална плата

Цената на нафтата, горивата, но и многу енергенси кои се тргуваат на светските берзи не зависат од самите држави кои не се производители, туку воглавно од од тековите на берзите. Точно е и дека секоја држава определува акциза, царина, данок.. но тоа повеќе е дел на процентуално или фиксно ниво.

Како второ, историски, највисоката цена во овие една-две децении, била за во 2012 година, поточно една од највисоките цени на горивата биле утврдени на 27. август 2012 година, кога цената на бензинот еуросупер 98 беше 88,50 денари, еуросупер 95 се точеше денарипол поевтино, нафтата пак беше со почетна цена 73 денари за литар. Тоа може да се погледне и ТУКА.

Добро е да се напомене дека на 4 мај 2020, Регулаторната Комисија за Енергетика донела одлука за нови цени на горивата кои важеле од тој ден па цела недела. Тогаш на пример дизелот беше 42 денари за литар, а бензинот 50,50 за 95 или 52,00 за супер 98. Тоа е јавен податок е може да се погледне на овој ЛИНК. Во овој период поради слабата побарувачка на нафта, запрената економија поради коронавирусот цените на нафтата паднаа на светските берзи, а тоа повлече и пад на крајниот продукт на бензин и нафта во сите земји во Светот.

Колку за споредба,  цената на барел нафта од типот брент во август, 2012 беше од 105 до 115 долари (Доларот беше 0,79 евра), додека пак на почетокот на октомври 2021 нафтата од типот брент достигнаla 81,50 долари (доларот беше 0,87 евра).

Да потсетиме и дека во 2012 година минималната плата беше 8080 денари, а во 2022 е околу 14,500-15.000 денари.

И повторно да напоменеме дека движењето на цените на нафтените деривати во Македонија зависат од движењето на цените на нафта на Светските берзи.