Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: За само четири години имаме изградено преку 500 километри канализации и водоводи

„За само четири години од мандатот на оваа влада имаме изградено преку 500 километри канализации и водоводи. Тоа е значајна бројка на километри ваква инфраструктура“ кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во Министерството за транспорт и врски има и цела линија на Европската инвестициона банка од 50 милиони евра, што значи дека во наредниот период ќе има повик преку Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на вакви проекти.

„Имаме реализирано голем број на проекти со што сме помогнале на граѓаните и на општините. Тоа е суштината на функционирањето на една општина, да овозможи инфраструктура за граѓаните, но општините не секогаш имаат капацитет, финансиски и стручен, да обезбедат водоводи, канализација и атмосферски канали“ кажа Бочварски.

Тој додаде дека тимот во Министерството е целосно искоординиран и ќе продолжи да работи на сите проекти за доброто на државата и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК