По вчерашната посета и средба помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија напревен е првиот исчекор, отворен е нов прозорец на соработка и пријателство меѓу двете земји, којшто веруваме дека ќе резултира со поддршка на нашата евроинтеграција, се вели во соопштението од СДСМ.
Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на соработка, пред се во економијата, инфраструктурата, трговијата и деловната соработка.
Во оваа насока е и воспоставувањето работни групи во повеќе области, во економијата, инфраструктурата, трговијата, културата, образованието кои значат за граѓаните, за нивната иднина, но се особено важни за младите.
Република Бугарија се согласи да ја користи кратката верзија на уставното име, подеднакво како и долгото име за што веќе ја има известено и Организацијата на обединетите нации.
Од СДСМ наведуваат дека отстранувањето на ова прашање од процесот на разговори преку усогласен и пријателски однос од двете страни преставува прв голем чекор од новото поглавје на односите помеѓу двете соседни земји.