22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

На втората седина на Владата, донесена беше Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена заради зголемената појава на пожари

M T

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

M T

Заврши вонредната владина седница: Прогласена кризна состојба на територијата на цела Македонија – донесени се и серија важни одлуки поврзани со ковид 19 ситуацијата

CENTAR MKD