Двајца прилепчани се приведени откако во нивното возило биле пронајдени ловни пушти и муниција за кои немале дозвола.
Како што се наведува, тоа се случило пред два дена за време на контрола на возило „лада нива“, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17.00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола.
Лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.