Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопски водовод со апел до граѓаните да не се крадат решетките од сливниците

Во текот на изминатите неколку дена е извршена кражба на 10 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 5 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, велат од Скопски водовод.

– ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатите неколку дена. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

ДЕСК

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

ДЕСК

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК