23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Спојот на нови и стари имиња ќе ги оствари стратешките цели

„Новата влада е составена од нови имиња, но задржани се и старите кои со своето искуство ќе придонесат за реализација на политиките. Досега покажавме дека знаеме да работиме, а токму спојот на новите и старите имиња значи дека новата енергија ќе соработува со искуството и ќе ги оствариме стратешките цели“ кажа пратеничката од СДСМ и предлог кандидатка за министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска со емисијата „200“ на Алсат М.

Таа додаде дека предложите нови имиња за владата се докажани професионалци од своето поле и ќе дадат свој придонес во државата.

„Оваа нова влада е продолжение на успешните политики, кои ќе продолжат со дел нови, дел стари лица“ кажа Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека заедничка точка која ги врзува сите политички партии во владејачкото мнозинство е напредокот на државата и интеграција во ЕУ.

„Различните ставови може да придонесат за збогатување на демократија и разноликост на проектите кои ќе се работат. На тоа не гледам како пречка, туку како предност дека партиите седнале и одлучиле да продолжат напред за доборото на државата, а не за партиските интереси“ кажа Костадиновска Стојчевска.