6. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петров: Во политиката се враќам бидејќи имам верба во Ковачевски и сметам дека можам да помогнам

„Не се работи за мој професионален политички ангажман. Се враќам бидејќи имам верба во Димитар Ковачевски и сметам дека заслужува да му се помогне. Тој има нова енергија и фокус кон внатрешните проблеми – економската криза, животот и стандардот на граѓаните, здравствената криза и реалните проблеми. Сметам дека можам да помогнам тука со моето искуство во политиката“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Утринска на Телма“.

Тој додаде дека неговото враќање во извршните органи на партијата не е за функција туку од желба за помош и постигнување на внатрепартиско заедништво.

„Не мора секој да е дел од власта, јас сум задоволен од мојата работа како лекар и на факултет. Сега не е ситуација за бркање функции, бидејќи не е ситуацијата лесна, туку е комплицирана. Но, желбата за заедништво и збивање на редовите и вклучување на сите луѓе е позитивен чекор и не може на тоа да се гледа лошо. Ако со некој имате исти цели и вредности, нелогично е да се движете по паралелни насоки. Во интерс на држават е луѓето да се разбираат меѓу себе“ кажа Петров.

Тој додаде дека локалните избори беа порака за одредени политики на СДСМ и кажа дека граѓаните не гласаат за луѓе кои не може да ги задоволат нивните потреби, пред се на локално ниво.

Како главна причина за поразот на локалните избори, Петров го истакна неодговарањето на барањата на граѓаните и неисполнувањата на нивните очекувања, пред се на локлано ниво, но испреплетено и со проблемите од централно ниво.