Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Софија „завојува“ со Русија поради документарец за Кирил и Методиј

Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на режисерката Елена Мироненко и додаде дека делото „ја брише Бугарија од картата на писменоста“.

Причина за реакцијата е фактот што во рускиот документарец се вели дека Светите Кирил и Методиј и нивните ученици немаат никаква врска со Бугарија.

Бугарското Министерство смета дека филмот не е научно заснован и дека во него погрешно е претставен стандардниот историски период.

Поради наводното погрешно претставување или намерното пропуштање на фундаментални факти во филмот, бугарското Министерство за надворешни работи потсети дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Бугарија и Македонија постигнаа договор за историски личности и настани во двете земји.

Во оваа прилика, Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази надеж дека ваквите провокации не вклучуваат директни или индиректни трети лица и дека немаат за цел да создаваат поделби и дека во иднина.

Можеби ќе ве интересира

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК