22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Бачовски: Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 41 субјект исплати близу 22 милиони денари за плата за овчарите. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства кои се стекнале со право за добивање на ваква поддршка.

„Финансиската поддршка за оваа мерка е исплатена на сите сточари кои во период од една година не го намалиле бројот на вработени. Фармерите кои стоката ја напасуваат или чуваат на на надморска висина над 700 метри, односно регистрираните одгледувачници се наоаѓаат во населени места со надморска висина над 700 метри добија поддршка од 100% од просечната плата во дејноста за период ноември 2018 до декември 2020 година. Оние фармери кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина под 700 метри надморска висина добија помош од 60 % од просечна месечна нето – плата во секторот. “ – информира Бачовски

Средствата се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Максималниот износ на исплатени средства е до 360.000 денари од вработен и за не повеќе од 20 вработени.

Агенцијата продолжува да биде партнер на земјоделците и сточарите. Во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за субвенции на сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на истата и не се должници кон АД. Водостопанство, АД. Пасишта или за закуп на земја преку МЗШВ.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T

Јапонец наплатува КУП пари за да не работи НИШТО: Го бараат клиенти, бизнисот цвета!

M T

Германците не се шегуваат – Пресметано колку пари навистина можете да заштедите со ладен туш

M T