Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден 41-годишен мотоциклист во Скопје

41-годишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал од патот на бул.„Мајка Тереза“ во Општина Центар.

Според информации од полицијата, синоќа во 17.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Владимир Назор“ мотоцикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(41) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК