Град Скопје од буџетот за 2022 година издвои 24 милиони денари за субвенции за купување инвертер клима-уреди.
„Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување инвертер клима-уреди за разлика од претходните две години кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства од Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата. Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019 година кога беа дадени 20 милиони денари“, додаваат од Градот.
Сумата што беше издвоена во 2018 година, како што наведуваат, била уште помала, односно само 10 милиони денари.
„Во четири години водење на Град Скопје од поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима-уреди од парите на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, а сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари“, додаваат од Град Скопје.