Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го назначи Златко Перински за нов в. д. директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Перински доаѓа на местото на досегашниот директор Душко Весковски, кој беше кандидат на градоначалник на СДСМ во Општина Карпош.
Перински е поранешен директор на спортската сала „Борис Трајковски“, а беше и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот Совет на Општина Аеродром. На неговиот профил стои дека е шеф на кабинетот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Арсовска досега ги разреши повеќето директори на јавните претпријатија поставени од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Нови директор не се назначени уште на јавните претпријатија „Градски паркинг“ и „Комунална хигиена“.