Скопје неколку денови по ред ги руши сите рекорди на загаденост.
Скопјани „се гушат“ во нечист воздух.
Согласно податоците, денеска Скопје е трет град по загаденост во светот, по Лахор во Пакистан и Делхи во Индија.
Ако пред некоја година ВМРО ДПМНЕ сметаше дека тоа е одговорност на градските власти, оваа година го сменија филмот и сега нема обвинувања кон Данела Арсовска, со оглед дека нивен кандидат го води Скопје во овие матни времиња.