23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се “отрул” од алкохол со 4,28 промиљи и се фатил за волан – Фатени речиси 200 пијани возачи само синоќа

193 санкции за возење под дејство на алкохол

Во текот на вчерашната вечер (25/26.12.2021) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив, 63 на територијата на СВР Скопје, 27 на територијата на СВР Битола, 17 на територија на СВР Штип…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР кои објавија и една фотка од дрегер каде возач е фатен со 4,28 промиљи алкохол, што е навистина премногу.