9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) СДСМ: Ќе преземе ли Муцунски нешто за да се изгради мостот во Аеродром?

Данела Арсовска на штета на скопјани ја стопира изградбата на мостот „Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, посочи денеска претседателот на СДСМ Аеродром и советник во Советот на Општината, Љупчо Недески.

Тој воедно запраша дали градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ја поддржува одлуката на Арсовска за стопирање на изградбата на мостот.

„Дали Муцунски ќе преземе нешто за да се реализира овој проект? Овој мост, овој капитален проект, е многу важен за граѓаните на Аеродром и директно влијае за намалување на сообраќајниот метеж во населбата, а со тоа и намалување на загадувањето“, нагласи Недески.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.