Верувале или не, сосема е можно „преку ноќ“ да изгубиме неколку килограми.
– Храната и пијалокот, варењето, мокрењето, времето кое го поминуваме на вежбање, сето тоа може да влијае на составот и количината на вода која се задржува во нашиот организам, а со тоа и на тежината – објасни д-р Анита Петручели.
Храната која содржи повеќе јаглени хидрати и соли предизвикува задржување на водата и зголемување на телесната тежина, додека вежбањето може да доведе до привремено губење на вода, а со тоа и губење на тежината.
Затоа, д-р Петручели препорачува да не се опуштиме премногу кога ќе видиме мало поместување, но и да не се нервираме ако смената не е во посакуваната насока и ако тежината ни се променила за еден ден – бидејќи тоа не значи слабеење или дебелење.
– Зголемувањето на тежината поради флуктуациите на водата треба да се нормализира за ден-два, а најбрзо се постигнува со вежбање и здрава исхрана со многу малку сол, како и со внес на рафинирани јаглехидрати и едноставни шеќери – вели д-р Петручели.
Според хирургот од Медицинскиот центар во Питсбург, д-р Џозеф Колел, тежината може да варира и до три килограми во текот на денот, а ниту пет килограми не би можеле да не спречат да ја достигнеме саканата тежина.
– Повеќето луѓе можат прилично брзо да ослабат пет килограми, само со мали прилагодувања во внесот на калории и физичка активност – вели хирургот.
Ако вагата повеќе од два дена, покажува на пример седум килограми повеќе, причината може да биде алкохолот и дрогата.
– Алкохолот го поттикнува апетитот и ја уништува самоконтролата при внесувањето храна – објасни д-р Колел