4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Почина Касандра, хрватска музичка ѕвезда од 90-тите

На 48-годишна возраст почина Даворка Ручевиќ Касандра, хрватска музичка ѕвезда која важеше за кралица на денс музиката во 1990-тите.

Според хрватските медиуми, пејачката имала ендометриоза. Претходно Касандра во интервјуа изјавила дека не може да оди и дека нејзината здравствена состојба е влошена.

Пејачката се прослави со хитот „Не си единствена на светот“, а подоцна во далечната 1994 година настапи на Задарфест, каде што се претстави со песната „Казна“. Во Хрватска нејзините видеа сè уште важат за најскапи.

Сепак, само четири години по почетокот на кариерата, Касандра реши да се повлече од јавната сцена и долго време не е видена во музичките кругови.

Таа се појави во 2007 година на роденденската забава на поранешниот менаџер Владимир Михаљек Миха. Се шпекулираше дека е тешко болна и во лоша финансиска состојба и дека живее во стара куќа во Загреб.

Во меѓувреме, нејзиниот менаџер Зоран Скугор најави враќање, но тоа не се случи.