Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Сончево со локална облачност, утрово најниска температура на Попова Шапка од -12 степени

Утрово најниската температура била измерена на Попова Шапка од -12 степени, -11 степени биле измерени на Маврови Анови, -8 во Крушево, -7 степени во Охрид и Битола, -6 во Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -5 степени во Скопје-Петровец и Берово, -4 во Крива Паланка, -3 во Штип и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Куманово, Дојран и Гевгелија.

Снежната покривка во 7 часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка, 40 сантиметри на Маврови Анови, 14 сантиметри во Пожаране, 8 сантиметри во Крушево.

Денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе достигне од 0 до 9 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК