Фејсбук статус на Зоран Заев, премиер на Македонија:
Од 1 јануари 2022 година недела станува ден на неделен одмор и со тоа правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда. ✊
Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците во Собранието на Северна Македонија ги усвоија измените на Законот за работни односи, со кои недела станува ден на неделен одмор.
Новиот закон предвидува:
👉 50% повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати;
👉 100% повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри;
👉 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.
Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски.
Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата.