8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата го пронајде украдениот автомобил на „Државни патишта“

Полицијата синоќа го пронајде автомобилот во сопственост на Јавното претпријатие „Државни патишта“ – Скопје, кое пред три дена беше украдено на улицата Ѓорче Петров.

Од МВР информираат дека возилото го нашле полициски службеници на патот од селото Шишево кон Грчец.

Станува збор за возило од марката „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

Во моментот на кражбата, автомобилот бил оставен со клуч на вратата.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК