Жални се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира образованието и компетенциите на претседателот Димитар Ковачевски уште првиот ден по неговиот избор. Очигледно стравот е голем па од недостиг на аргументи одлучија веднаш да пристапат кон нивната единствена стратегија во политиката – лажењето, соопшти СДСМ.
„На сите објавени резимеа на претседателот Ковачевски достапни на интернет, вклучително и во неговата програма стои јасно каде студирал, магистрирал и докторирал. Секаде стои јасно напишано и каде поминал стручни усовршувања, а такви имал повеќе, меѓу кои и на Харвард. Претседателот Ковачевски имал стручно усовршување на Школата за бизнис при Универзитетот Харвард2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот универзитет во Минхен, каде што станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Ротердам школато за менаџмент при Универзитетот Еразмус во Холандија во 2016 година и ЕАДА бизнис-школато во Барселона, Шпанија, во 2017 година.
За разлика од ова квалтетно образование на Ковачевски, единственото стручно усовршување Мицкоски го имал кај својот татко каде што бил асистент“, порачаа од владејачката партија.