Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска и утре без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку скопски општини.
Денеска од 9:00 до 10:00 часот корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Абаџиев и дел од ул. Боро Петрушевски (општина Центар),
На 14.12.2021 година (вторник), од 8:30 до 15:30 часот, корисниците од бул. АСНОМ згради бр. 44, 48, 50 и 54 (општина Аеродром),
Од 9:30 до 14:00 часот, корисниците од објектите на патот од мостот на Маркова Река кон с. Батинци (општина Студеничани),
Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Пагаруша (општина Студеничани),
Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Благоја Стефковски, од потегот ул. Никола Киров Мајски до ул. Париска Комуна, (општина Гази Баба).