23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ќе ги повлече измените на Законот за здравствена заштита што се однесуваат на делот со трансплантација на органи заради лекување

Министерството за здравство (МЗ) со амандман ќе интервенира, за да ги повлече измените на Законот за здравствена заштита што се однесуваат на делот со трансплантација на органи заради лекување.

„МЗ е отворено за секаква дискусија, јавна дебата, а наша цел е заедно со сите чинители да ги надминеме разликите за доброто на граѓаните и пациентите“, велат од Министерството преку допис до медиумите.