22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„РАМЕН СТОМАК СЕ ПРАВИ ВО КУЈНА“ Нутриционист открива ШТО да јадете за да се топи маснотијата!

Кога станува збор за слабеење, многумина имаат проблем со отстранување на вишокот килограми конкретно од стомакот.

Колку и да правите стомачни, едноставно не можете да го направите тоа? Тоа е затоа што стомачните се „прават во кујната“, тврди нутриционистот и открива која храна е одговорна за ова:

– За почеток потребно е да се зголеми внесот на протеини, односно да се заменат јаглехидратите со месо, риба, млечни производи и јаткасти плодови. Ова ќе го намали процентот на телесните масти. Важно е да се напомене дека шеќерот треба да се исклучи од исхраната. Тие вклучуваат преработена храна, колачи, житарки, овошни пијалоци, па дури и некои видови јогурт. Тоа се околу 320 непотребни калории во текот на денот. Шеќерот го зголемува инсулинот, што го забавува метаболизмот. Внимателно прочитајте ги декларациите и пресметајте го калорискиот индекс – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и додава:

– Се препорачуваат растителни влакна, бидејќи содржат мешавина од материи, кои сочинуваат различни полисахариди како целулоза, агар, хемицелулоза, растителни смоли и пектин. Храна богата со растителни влакна секако се цвеклото, мешунките, зеленчукот, интегралниот ориз, интегралното брашно, свежото како и сувото овошје – заклучува нутриционистот.

Можеби ќе ве интересира

Никогаш не ставајте ги овие четири работи во машина за миење садови

M T

Нутриционистот тврди: Во овие три периоди не треба да јадете, тогаш најмногу се дебелеете

M T

Сакате да привлечете ПАРИ: Сменете ЧЕТИРИ работи во КУЈНАТА и парите ќе ви се залепат за прсти!

M T

Ги користиме секој ден: Овие работи во кујната се ЛЕГЛО НА ЗАРАЗА

M T

Герасимовски: Во ОУ„Коле Неделковски“ градиме кујна и нови училници кои ќе бидат готови до следниот септември

M T

Гравче тавче за вечерата на Бадник – Еве и рецепт

CENTAR MKD