Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 216 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 45 санкции, 41 казна за возење под дејство на алкохол, 30 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени биле и 14 казни за возач почетник, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.