23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Дали една земја е демкратска се гледа по тоа како се однесува кон малцинствата

Имаме многу слаба комуникација со Бугарија низ годините имаме некој ѕид и бледи информации и имаме тврда реторика и секогаш има на Балканот еден непријател која ја мобилизира внатрешната политика врз кпја се завефуваат широките народни маси на избори, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”

 Според Јовановиќ идејата на НАТО е да докаже на западните дојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само не штити и дека немаме војска. 

-А западната цивилизација работи на развој на правото, демократијата, а не дека ќе бидеме луѓе што го мразат македонизмот. Ако продолжиме со национализмот земјава ќе биде дезинтегрирана и луѓето ќе заминуваат. Ние соседите или не ги гледаме или кога ги гледаме не ги сакаме, додава Јовановиќ.

Според Јовановиќ макефонската влада покажа питомост, а Зоран Заев беше со поинаква реторика по однос на прашањето со Бугарија.

-Ние сме подемократска земја, ги признаваме малцинствата, а Бугарите велат дека ние немаме малцинства, а основен постулат дали една земја е де ократска е како се однесува кон малцинствата, додава Јовановиќ.