7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Спротиставените мислења и дебати водат до подобри решенија и политики

Во гостување на Телевизија Сител, кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски се осврна на актуелните состојби во партијата потенцирајќи дека тој е целосно против внатрепартиските поделби и има за цел да ја обедини партијата. Тој истакна дека СДСМ има демократски капацитет за во одредени моменти има спротиставени мислења помеѓу членовите и тоа е добро бидејќи преку дебата се доаѓа и до подобри решенија и политики за граѓаните.

„Јас секогаш сум бил приврзаник дека за сите спротиставени мислења треба да се седне и да се разговара. Од таквите различни мислења да се извади нов квалитет или решение кои може да ја унапреди работата на партија и институциите. Доколку јас бидам избран за претседател на партијата, секогаш ќе бидам отворен за разговор со сите оние кои имаат различно мислење и сметаат дека може да придонесат бидејќи само преку дебата може да донесеме подобри одлуки и решенија“ – рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК