23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија се спрема за 45 погреби – Утре со два авиони ќе пристигнат останките на починатите во страотната сообраќајка во Бугарија

Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

-Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.