23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

На располагање се нови средства за развој на рибарство и аквакултурата отворени два нови повика

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани, дека од денеска па до 24 декември, отворени се два нови повици за развој на рибарство и аквакултура. Станува збор за објава на мерките „Дополнителна заштита на рибите и риболовните води“ како и мерката „Финансиска поддршка за порибителен материјал“

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека преку овие два огласа, ќе може да се реализираат инвестиции за модернизација и развој на рибарството и аквакултурата во земјава.

„ Со мерката заштита на рибите и риболовните води, финансиска поддршка до 30.000 денари, може да добијат сите кои имаат направено инвестиции за заштита на риболовни ревири и рекреативни зони. До 150.000 денари, поддршка ги следува сите што ги заштитиле риболовните зони, додека до 400.000 денари поддршка ќе може да добијат сите кои имаат заштита на риболовните подрачја во период од 1 април 2021 година до 15 јули 2021 година. Финансиска подршка до 40% од пазарната цена на подмладокот , може да добијат и сите кои имаат набавен или одгледан сопствен подмладок во период од 01 јули до 30 септември. Капацитетите кои ќе аплицираат за оваа подмерка, потребно е да немаат направено увоз на жива риба и порибителен материјал во период декември лани до истиот месец годинава .“ – појасни Бачовски.

Исто така од денеска ќе може да се аплицира и за добивање на финансика поддршка до 7.000.000.00 денари по поединечен корисник од кои максималниот поврат на средства е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализирана инвестиција.
Средствата се неповратен грант а се наменети за градба на нови, или реконструкција на постојните капацитети. Исто така преку овој повик може да се аплицира и за градба или модернизација на капацитети за преработка на рибите.

Барањата како и целокупната документација за повиците може да се превземат од веб страната на АФПЗРР, односно на www.ipardpa.gov.mk.

Сите заинтересирани документите треба да ги достават во оригинален примерок. Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарство и аквакултура за 2021 година, заедно со целокупната потребна документација која е наведена во двата повика се доставуваат во затворен плик.

На пликовите со комплетната документација на предната страна во горниот лев агол треба да има назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“, за Јавен повик 02 или 03 /2021 и назначување на шифрата на потточката за која се однесува барањето.
Краен рок за аплицирање за двата Јавни огласи е 24 декември 2021 година.
Барањата кои ќе бидат доставени по предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.