27. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ тврдат дека имаат веќе 61 пратеник, со Алтернатива би имале 65

Парламентарното мнозинство е стабилно и засега брои 61 пратеник со тенденција да се зголеми во наредниот период, реферирал лидерот во оставка на СДСМ вечерва пред партискиот Централен одбор, како што соопшти портпаролката на партијата Богданка Кузевска.

Таа, сепак, немаше одговор кој е 61-от пратеник, туку само повтори дека Заев рекол дека мнозинството е стабилно и дека ќе расте.

Изедначеноста меѓу власта и опозицијата се постигна со останувањето на Кастриот Реџепи, кој влезе во парламентот како претставник на Беса, во владејачкиот табор. На „другата страна“ останаа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од Алијанса за Албанците и од Левица, како и двајцат пратеници од до скоро владејачката Беса и засега останува неизвесно од кој од овие табори би можел да биде 61-от пратеник, со оглед на тврдењата на Заев пред ЦО дека Владата и во овој момент има мнозинство во Собранието, пишуваат медиуми.

Сепак според сознанија на Centar.mk, СДСМ со Алтернатива би требало да има и до 65 пратеника.

Можеби ќе ве интересира

Собрани над 400 кеси отпад со реализација на проектот „Преку заедништво до почиста природа” – дел од dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”

C +

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

C +

Филипче: Ниту еден сектор не напредува, погрешните политики на власта ги плаќаат граѓаните

C +