По засилените контроли во текот на вчерашниот ден од страна на МВР на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 192 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 109 санкции, 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 казни за возење без возачка дозвола, три прекршоци биле изречени за возачите на мотоцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија полициските служби и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.