24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски да поднесе оставка, пропадна неговиот обид да ја врати државата назад

Во соопштението на владејачката СДСМ е потенцирано дека големата лага на Христијан Мицкоски дека има 61 пратеник за недоверба на Владата и за ново парламентарно мнозинство падна во вода.

Докажаниот губитник Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се против НАТО и ЕУ, кои се против Охридскиот рамковен договор, против концептот Едно општество за сите само заради пуста и неостварена желба за власт, напоменуваат од оваа партија.

„Целата јавност виде дека ВМРО-ДПМНЕ е исто што и Левица, дека Мицкоски и Димитар Апасиев се едно исто. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажеа дека наводно бил киднапиран пратеник и бараат брзи парламентарни избори. Наместо да поднесе оставка затоа што одново се поразени неговите обиди да ја врати државата назад, Мицкоски бара брзи предвремени избори. Граѓаните не заслужуваат политичари кои немаат став, кои лажат и работат на штета на интересите на граѓаните и државата“, се истакнува во соопштението.

СДСМ и граѓаните, велат од таму, нема да дозволат државата да падне во заложништво на несериозни, неодговорни, недораснати политичари како што е Мицкоски, послушникот на Груевски.