12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка, сега не е време за брзи избори, туку за одговорност

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ

Со денови Христијан Мицкоски ја лажеше јавноста дека има 61 пратеник за ново парламентарно мнозинство и за недоверба на Владата.

Но наспроти лагите на Мицкоски, се потврди дека мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.

Наместо да бара брзи предвремени избори губитникот Мицкоски да се извини и да даде оставка за тоа што ја лажеше јавноста.

Срамно е да ги лажеш граѓаните, да тврдиш дека пратеник наводно е киднапиран, а при тоа да не сносиш одговорност.

Сега не е време за избори туку за одговорност, пред нас се предизвици од аспект на енергетска криза, живеачката на народот и продолжување на европскиот пат на земјата.

Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат а друго прават.

Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги со кои ја замајуваше јавноста, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +