Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју на ТВ21 откри дека пред околу една година неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади.
Тој изјави дека имало истрага со форезничари и било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави.
– Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави – вели Пендаровски.