3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ако гласањето е за власт може, ако е за граѓаните тогаш скафандерите за Левица се тероризам

Тројца пратеници најавија дека ќе присуствуваат на седницата за гласање недоверба на владата иако се во изолација поради ковид, но веќе втор ден лидерот на Левица, Димитар Апасиев овојпат молчи бидејќи му одговара да седне во владејачка фотелја па овојпат не повикува дека е биолошки тероризам пратеници во скафандери да влегуваат во Собрание.
 
Според информациите уште вчера е потврдено дека координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува дека во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата. Покрај нив, во изолација е и уште еден пратеник од Алијанса за Албанците.

Тројцата пратеници ќе присуствуваат на седницата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.

Но кога пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ во април дојдоа во Собранието со скафандери за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата, кој беше од приоритетно значење за граѓаните,, пратеникот од левица Димитар Апасиев се закани со тужби за биолошки тероризам.

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша тогаш пратеникот на Фејсбук.

Граѓаните и компаниите во тие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаа помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места, но опозицијата тогаш правеше се за помошта да не стигне кај граѓаните.