9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети итно го свика Генералниот совет на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за утре го свика Генералниот совет на партијата во Тетово на итен состанок, во врска со последните политички случувања.

Откако опозицијата, заедно со владејачката Беса, објави дека има ново мнозинство, Ахмети синоќа порача дека, во консултации со стратешките партнери, ќе делуваат без емоции и еуфорија.

Инаку, целиот заплет настана откако Државната изборна комисија ги прифати приговорите на ДУИ за прегласување во Желино, каде со тесен резултат победи кандидатот на БЕСА, која потоа одлучи да се приклучи на иницијативата за изгласување на недоверба на владата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.