Единаесет американски држави поднесоа тужба против наредбата на американскиот претседател Џо Бајден, според која десетици милиони работници во компании со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против коронавирусот или да се тестираат на неделно ниво.
„Оваа наредба е неуставна, незаконска и не е мудра“, се наведува во поднесокот на главниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, еден од неколкуте републиканци што се борат за отворено место во Сенатот в година.
Неговата тужба, поднесена во Осмиот окружен апелациски суд во Сент Луис, тврди дека надлежноста за задолжителна вакцинација им припаѓа на сојузните државите, а не на федералната влада.
Службата за заштита при работа вчера соопшти дека компаниите што нема да се придржуваат до новото правило за вакцинација се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари од лице.
Наредбата се однесува на речиси 84 милиони работници во средните и големите компании, а сѐ уште не се знае колку вработени се веќе вакцинирани.
На Мисури во тужбата му се придружија државните обвинители од Алјаска, Аризона, Арканзас, Монтана, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг.
Канцеларијата на главниот обвинител на Ајова, демократот Том Милер, исто така се приклучи кон тужбата заедно со неколку приватни, непрофитни и религиозни работодавци.