23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Воведена редовна авиолинија Женева – Скопје со „Изиџет“

„ТАВ Македонија“, попладнево, во 15.05 часот, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ го пречека првиот лет на „Изиџет“ од Женева.

Со „ербас А320“, со капацитет од 186 седишта, нискобуџетската авиокомпанија првпат слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“ одбележувајќи го почетокот на операциите на македонскиот пазар.

„Како ТАВ навистина сме среќни што можеме да го одбележиме влезот на ‘Изиџет’ на македонскиот пазар, со денешниот прв лет на новата авиолинија од Женева, Швајцарија, до Скопје, Северна Македонија. Македонскиот главен град ќе биде поврзан со швајцарскиот град трипати неделно, секој понеделник, четврток и петок, од денес, 1 ноември, во текот на целата зимска сезона. Нискобуџетската авиокомпанија ќе сообраќа до Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ првпат, а авиокомпанијата донесе одлука да почне со летови сега и покрај глобалната криза во авијацијата предизвикана од Ковид-19, како и покрај фактот дека во многу земји сè уште има рестрикции за патување со авион. Женева ќе биде третата дестинација во Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ ќе има авионска конекција по Цирих и Базел. Веруваме дека оваа авиолинија има огромен потенцијал и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се развива во следниот период“, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Во текот на зимскиот ред на летање, од денес до 25 март 2022 година, летовите на оваа авиолинија ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и петок.