Покрај социјалниот удар, од АСОМ и АПИС предупредуваат дека затворањето на легалните објекти нема да ги заштити младите, туку ќе предизвика тежок контра-ефект. Според Илијевски, обложувањето нема да исчезне, туку ќе се пресели во „темните подруми“, односно на црниот пазар каде што нема никаква контрола, ниту пак се заштитуваат малолетниците. Со тоа, државата не само што ќе ја врати Македонија во криминалните деведесетти години, туку и директно ќе изгуби 350 милиони евра кои годишно легално се слеваат во државниот буџет.
Од асоцијациите потсетија дека тие никогаш не биле против регулација и потсетија на нивниот предлог за закон по европски стандарди базиран на три столба: поригорозни казни за влез на малолетници, либерализација на онлајн пазарот наместо државен монопол и вложување сопствени ресурси во национални едукативни кампањи. Бидејќи институциите досега покажале игнорантски однос, АСОМ и АПИС најавија дека ќе ги искористат сите механизми и ќе организираат масовни протести низ целата земја сè до конечно повлекување на законот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


